Сеќавање на борците од Сарикамиш

Помина скоро еден век од маршот на Сарикамиш а се уште се памтат хероите кои го положија животот на овој „марш на смртта“

170282
Сеќавање на борците од Сарикамиш

Во знак на сеќавање на маршот иљадници граѓани од цела Турција се собраа на планината Сарикамиш и тргнаа по трагите на воените херои.

Организатор на програмата „ Турција чекори со своите херои“ беше Министерството за младина и спорт.

Учесниците на маршот им одадоа едноминутно молчење на загинатите 90 000 турски војници во овој „марш на смртта“ кои под команда на Енвер Паша на температура од минус 40 степени замрзнаа на планината Сарикамиш.

Учесниците на маршот се помолија за душите на загинатите турски војници.

 


Тагови:

Слични вести