Давутоглу приреди ручек во чест на лидерите на немуслиманското малцинство

Првпат во историјата на републиката ќе се изгради една нова црква во Јешилјурт во Истанбул

169527
Давутоглу приреди ручек во чест на лидерите на немуслиманското малцинство

Вчера премиерот Ахмет Давутоглу во Истанбул приреди ручек во чест на лидерите на немуслиманското малцинство.

На состанокот беше истакнато дека првпат во историјата на републиката ќе се изгради една нова црква во Јешилјурт во Истанбул.
На ручекот што беше приреден во сарајот Долмабахче учествуваа претседателот на Секретаријатот за верски прашања Мехмет Ѓормез, патријархот на грчката патријаршија Вартоломеј, главниот рабин на евреите во Турција Исак Халева.
Премиерот Давутоглу на ручекот најпрвин поединечно ги ислуша верските лидери.
Лидерите во говорите истакнаа дека во последните 10 години дојде до промени во погледите кон малцинствата, а како конкретен пример за тоа посочија на реставрацијата на една црква во Искендерун која се користеше како кино сала како и повикот за враќање на приврзаниците на малцинствата кои емигрираа во странство.
Премиерот Ахмет Давутоглу во говорот им ги честиташе празниците Мелуд, Божиќ и Ханука и рече дека приврзаниците на немуслиманските заедници се рамноправни граѓани на Република Турција.
Давутоглу подвлече дека погрешно беше оценувањето во минатото за приврзаниците на немуслиманските заедници дека се во соработка со некоја друга земја. Сите кои се наоѓаат на оваа маса се рамноправни и вистински државјани на Република Турција, подвлече премиерот Ахмет Давутоглу.
На состанокот беше истакнат дека првпат во историјата на Република Турција ќе се изгради една нова црква.
За црквата што ќе биде изградена од страна на Асирската заедница во истанбулската населба Јешилјурт, државата ќе одвои парцела.


Тагови:

Слични вести