Специјалното новогодишно извлекување на лото се одржа во Анкара

Најсреќен град на извлекувањето на годинашново лото беше Ајдин

168221
Специјалното новогодишно извлекување на лото се одржа во Анкара

Специјалното новогодишно извлекување на лото од страна на државната лотарија се одржа во Анкара.

Најсреќен град на извлекувањето на годинашново лото беше Ајдин.
Двајца граѓани на Ајдин кои купија лото билети, добија по една четвртина од предвидената добивка.
Големата добивка им излезе на еден граѓани во Нигде и еден во Анкара.
Големата добивка од 50 милиони турски лири беше поделена меѓу 4 граѓани на земјава и сите добија по 12,5 милиони турски лири.
Една друга награда кија граѓаните ја очекуваа со големо нетрпение беше утешната награда.
Лото билетите кои завршуваа со 2 и 6 добија утешна награда.
Годинашнава побарувачка на билети беше многу голема.
Имено 94 насто од 37 милиони билети колку што беа испечатени, беа распродадени.
Тоа значи дека ќе се подели награда во износ од 286 милиони турски лири.


Тагови:

Слични вести