Седница на владата

Премиерот Ахмет Давутоглу за денес свика седница на владата со обемен дневен ред

164195
Седница на владата

Се очекува на седницата да се дискутира за низа актуелни прашања како што е процесот за помирување, ситуацијата во Палестина поточно палестинската влада за национално помирување,потоа инцидентите во џамијата Месџиди Акса во Ерусалим и положбата на населението во Газа, пристапните преговори со ЕУ како и други прашања.

Како што е познато шефот на политичкото крило на Хамас Халид Мешал изминатиов викенд во Коња беше примен од страна на премиерот Ахмет Давутоглу. Разговорот се дознава бил посветен токму на овие прашања.

Вице премиерот Јалчин Акдоган на седницата ќе поднесе извештај за текот на процесот за помирување кој предизвикува низа полемики во земјава.

Министерот за евроинтеграции Волкан Бозкир исто така ќе поднесе извештај за напредокот во преговорите со ЕУ во врска со пристапувањето на Турција.


Тагови:

Слични вести