Вчера во посета на Анкара престојуваше ирачкиот премиер Ал Абади

Абади се состана со Давутоглу и беше примен од страна на претседателот Ердоган

160650
Вчера во посета на Анкара престојуваше ирачкиот премиер Ал Абади

Вчера во официјална посета на Анкара престојуваше ирачкиот премиер Хајдар Ал Абади.

Поводот за посетата на високиот ирачки гостин беше учеството на вториот состанок на Високиот совет за стратешка соработка меѓу Турција и Ирак.

Ирачкиот премиер Хајдар Ал Абади и делегацијата во негова придружба, по посетата на мавзолејот на Ататурк, беа примени од страна на претседателот на Големото национално собрание на Турција Џемил Чичек.
На средбата беа разменети мислења во врска со терористичкото прашање во регионот.
Ирачкиот премиер Абади од страна на премиерот Ахмет Давутоглу пред седиштето на Владата беше пречекан со пригодна свеченост.
Давуоглу и Абади по средбата учествуваа на состанокот на Високиот совет за стратешка соработка и одржаа заедничка прес конференција.
Премиерот Давутоглу рече дека ќе продолжи турската поддршка на ирачките безбедносни сили во борбата против ИДИЛ.
Турција не замижува на доаѓањето на странските борци во регионот кои сакаат да се приклучат кон редовите на ИДИЛ, подвлече премиерот Давутоглу и додаде дека Ирак припаѓа на Ирачаните, а Сирија на Сиријците.
Ирачкиот премиер Абади пак изрази благодарност на Турција за поддршката на Ирак во борбата против тероризмот и додаде дека исто така и неговата земја нема да дозволи евентуална закана против Турција.
Во врска со пренесувањето на ирачката нафта преку териториите на Турција, Абади рече дека споделуваат слични погледи со Анкара во однос на соработката на тоа поле.
Ирачкиот премиер Абади во претседателскиот дворец беше примен од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
На средбата беа разгледани можностите за соработка во борбата против ИДИЛ како и енергетската соработка.


Тагови:

Слични вести