Турција ќе произведе сопствен воен авион

Турција се стреми кон целосно домашно производство заради задоволување на потребите на сопствената армија

149058
 Турција ќе произведе сопствен воен авион

Министерот за национална одбрана Исмет Јилмаз во интервју за новинската агенција Анадолија меѓу другото рече дека една од главните приоритети на турските вооружени сили и на одбранбената индустрија на Турција е да одговори на барањата на сопствените потреби од домашно производство.

Токму заради тоа одбранбената индустрија активно работи на реализација на низа проекти како што се дизајнирање и производство на сопствен тенк, брод, хеликоптер, авион за обука, ракета, пешадиска пушка и воен авион како и другите видови орудија и оружја.

Турската армија моментално е меѓу 10 ’те најголеми армии во светот и моментално 55 насто од потребите ги задоволува од домашно производство. До 2023 година планираме процентот да изнесува 100 посто.

Наша цел е да располагаме со модерна армија која како на копно, така и во воздух и во море ќе ја користи сопствената опрема и нема да зависи од надворешни производи. Доколку една земја не располага со сопствена одбранбена индустрија не може да рече дека е целосно независна, така да поаѓајќи од тоа Турција се стреми кон целосно домашно производство заради задоволување на потребите на сопствената армија, додаде министерот Јилмаз.

 


Тагови:

Слични вести