Турција со силната економија и стабилноста е безбедна земја

Во периодот на кризата, во Турција воопшто не се намали стапката на вработување

147004
Турција со силната економија и стабилноста е безбедна земја

„Турција со силната економија и стабилноста е безбедна земја“ рече Аринч

Потпретседателот на Владата Булент Аринч во говорот што го одржа на затворањето на 5-от состанок Босфор кој беше одржан под покровителство на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) и Меѓународната платформа за соработка рече дека покрај што економиите на сите земји во светот беа потресени од глобалната криза, Владата успеа да ја сочува Турција да стои на свои нозе и да ја претвори во земја која од кризите извлече нови можности.
Во периодот на кризата, во Турција воопшто не се намали стапката на вработување. Напротив стапката на вработување се зголеми и ќе продолжи да расте. Турција со силната, доверлива и здрава економска структура се стекна со епитет на безбедно пристаниште.
Во период кога дури најразвиените економии се справуваат со јавни долгови, буџетски дефицити, Турција со силните јавни финансии се вброи меѓу угледните земји.
Аринч меѓудругото додаде дека Истанбул кој се наоѓа во центарот на пошироката географија на Блискиот Исток, Северна Африка, Балканот и Централна Азија, секој изминат ден се повеќе ја зајакнува својата позиција.
Ги проширивме странските пазари и благодарение на тоа, покрај економската рецесија во ЕУ како најзначаен партнер и намалувањето на интензитетот на светската трговија, продолживме со зголемување на вкупниот извоз, рече Аринч и додаде дека многу внимаваат на зголемување и зајакнување на трговските и економски односи особено со Блискиот исток, Заливските земји и Северна Африка.


Тагови:

Слични вести