Вчера беше одржан Состанок на безбедноста

На состанокот беа разгледани пакетот мерки за внатрешниот ред и мир и граничната безбедност

145875
Вчера беше одржан Состанок на безбедноста

Вчера во Анкара под претседателство на премиерот Ахмет Давутоглу беше одржан состанок на Советот за национална безбедност кој се одржува еднаш на две недели.

На состанокот учествуваа потпретседателите на владата Јалчин Акдоган и Булент Аринч, министерот за надворешни работи, министерот за внатрешни работи и потсекретарот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан.
Вториот началник на генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на копнените сили Хулуси Акар и командантот на жандармеријата Абдулах Атај го претставуваа военото крило на состанокот.
На состанокот кој траеше два часа и беше затворен за печатот беа разгледани пакетот мерки за внатрешниот ред и мир и граничната безбедност.


Тагови:

Слични вести