Анкара беше домаќин на италијанскиот премиер Матео Ренци

Турција и Италија, како две сојузнички земји на богатиот дневен ред имаат заеднички перспективи

145571
Анкара беше домаќин на италијанскиот премиер Матео Ренци

Вчера премиерот Матео Ренци најпрвин го посети мавзолејот на Ататурк, а веднаш потоа од страна на премиерот Ахмет Давутоглу беше пречекан со високи државни почести.

По тет-а тет средбата и разговорите меѓу делегациите, двајца премиери одржа заедничка прес конференција.
Премиерот Давутоглу рече дека Турција и Италија, како две сојузнички земји на богатиот дневен ред имаат заеднички перспективи. Веруваме дека соработката меѓу двете земји во претстојните години ќе придонесе кон развојот и унапредувањето на мирот и безбедноста во Медитеранот и Европа, како и воспоставувањето на мирот во светот.
Со Италија започнавме механизам за соработка кој ќе се базира на одржување заеднички состаноци меѓу владите на двете држави потсети премиерот Давутоглу и додаде дека третиот состанок планираат да се одржи во Турција.
Исто така разменивме мислења во врска со регионалните прашања особено околу ситуацијата во Либијан рече Давутоглу и потенцираше дека мирот и стабилноста во Либија се многу значајни за Турција, Италија и Медитеранот.
Ренци изрази честитки за привременото претседателствување на Турција со Г20 и изрази надеж и верба дека во периодот на привременото претседателствување на Турција со организацијата, ќе се постигнат значајни успеси во инвестициите и унапредувањето и развојот на односите.
Ренци меѓудругото додаде дека се принудени да вложат големи напори за започнување на дијалогот со Либија. И дека треба да се постигне конструктивен дијалог меѓу страните во Либија и Сирија.
Нешто потоа Ренци беше примен и од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. На вечера италијанскиот премиер Ренци повторно се состана со премиерот Давутоглу.
Италијанскиот премиер Матео Ренци по вчерашната посета и средби во Анкара, денес ќе учествува на Турско-италијанскиот бзинис форум што ќе се одржи во Истанбул.


Тагови:

Слични вести