ИДИЛ главна тема на турско-британските разговори во Анкара

Премиерот на Британија Дејвид Камерон вчера допатува во официјална посета на Турција

142839
ИДИЛ главна тема на турско-британските разговори во Анкара

Борбата против терористичката организација ИДИЛ како и ситуациите во Сирија и во Ирак беа главни теми на разговорите на британскиот премиер Дејвид Камерон со своите домаќини во Анкара.

Камерон првата средба ја одржа со премиерот Ахмет Давутоглу а потоа се одржаа и официјалните разговори, Нешто потоа премиерите Давутоглу и Камерон одржаа заедничка конференција за печатот.

Премиерот Давутоглу рече дека Турција има јасен став во врска со режимските власти во Сирија и додаде дека овој режим за Турција е веќе историја. Со мојот ценет гостин од Англија премиерот Камерон постигнавме согласност за низа билатерални , регионални и меѓународни прашања особено за прашањето посветено на начините, методите и средствата во борбата против терористичката организација ИДИЛ изјави премиерот Давутоглу.

Премиерот Дејдид Камерон истакна дека неговата земја и понатаму ја поддржува Турција за влез во Европската Унија. Наша единствена цел како земја е да се обезбеди поголема сигурност и безбедност на турските граѓани. Констатиравме дека имаме идентичен поглед во врска со ликвидирање на ИДИЛ и поддржување на легитимната сириска опозиција. Турција и мојата земја вложуваат големи напори за спречување на странските воени сили, рече Камерон и додаде дека во функција на тие напори усвоивме одредени закони во парламентите.

Надоврзувајќи се на истото прашање премиерот Давутоглу додаде дека и Турција како и Англија има јасен став во врска со странските воени сили.

Што се однесува до кипарското прашање, додаде премиерот Давутоглу како две земји гаранти констатиравме дека што поскоро треба да продолжат прекинатите мировни преговори за иднината на Кипар.

Британскиот премиер Дејвид Камерон после разговорите во владата беше примен од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Претседателот Ердоган приреди работен ручек за премиерот Камерон.

 


Тагови:

Слични вести