Целосна поддршка од делегацијата на ЕУ на процесот за окончување

Федерика Могерини рече дека силно го подржуваат процесот за окончување на тероризмот

142127
Целосна поддршка од делегацијата на ЕУ на процесот за окончување

По посетата и средбите, делегацијата на ЕУ одржа прес конференција.

Еврокомесарката за надворешнa и безбедносна политика Федерика Могерини рече дека силно го подржуваат процесот.
Федерика Могерини потенцираше дека процесот има големо значење не само Турција туку за целиот регион.
Исто така регионалните сили треба да соработуваат повеќе во борбата против ИДИЛ, рече Могерини.
ИДИЛ шири неповолно влијание во име на исламот рече Могерини поради што упати повик за соработка во борбата против ИДИЛ.
Режимот во Сирија предизвикува загриженост кај европските лидери, рече еврокомесарката Могерини и подвлече на значењето и потребата за политичка трансформација согласно Женевскиот договор.
Делегацијата изрази пофални зборови на сметка на Турција за придонесот за бегалците од Сирија и посочија на добрите услови во шаторските населби во Турција.
Во освртот на процесот на пристапувањето на Турција во ЕУ, делегацијата соопшти дека во претстојниот период постои можност за започнување на преговорите за повеќе поглавја.
Претставниците на делегацијата исто така изразија задоволство од фактот дека Турција стана енергетски центар и посочија на значењето на разновидноста на енергијата што се обезбедува за потребите на Европа.


Тагови:

Слични вести