Помош од турската Црвена полумесечина на Туркменците

Во пакетите кои беа испратени се наоѓаат основни прехранбени производи, средства за чистење и хигиена како и зимска облека

141037
Помош од турската Црвена полумесечина на Туркменците

Турската Црвена полумесечина пружи помош на Туркменците кои поради нападите на ИДИЛ во Ирак беа принудени да ги напуштат куќите во Дијала и да се преселат во Кифри.

Шафак Лостар, претставникот на турската Црвена полумесечина одговорен за помош на Туркменците рече дека во пакетите кои беа испратени се наоѓаат основни прехранбени производи, средства за чистење и хигиена како и зимска облека. Помошта беше доделена на 700 туркменски семејства.
До денес Црвената полумесечина испрати 120 ТИР камиони помош на населението во Ирак и беше поделено на сите граѓани кои се изложени на негативните последици на војната, без никаква дискриминација.
Кајмакамот на Кифри Шерко Хусејин Хамит рече дека по судирите во Дујала, Самара и Тикрит, околу 9 илјади бегалци се засолнале во нивниот град. Бегалците не беа спремни за зимата. Нема доволно ќебиња, облека и грејачи.


Тагови:

Слични вести