Давутоглу ќе замине во посета на Полска

Премиерот Ахмет Давутоглу денес ќе замине во работна посета на Полска

140357
Давутоглу ќе замине во посета на Полска

На покана на полската премиерка Ева Копач, премиерот Давутоглу ќе оствари низа билатерални средби.

Во рамките на посетата на Полска, премиерот Давутоглу ќе одржи средби со премиерката Копач и претседателот Бронислав Коморовски. На разговорите ќе бидат разменети мислења во врска со билатералните односи меѓу двете земји како, процесот на пристапувањето на Турција во ЕУ и Кипарското прашање.
Исто така ќе бидат разменети мислења и во врска со случувањата во Сирија и Ирак, како и актуелните проблеми и прашања во регионот и светот.
Премиерот Давутоглу заедно со полската премиерка Копач ќе учествуваат на свеченото затворање на манифестацијата „Свечено одбележување на 600 годишнината од воспоставувањето на меѓусебните односи“. На свеченоста ќе учествуваат естрадни уметници од Турција и ќе се одржи во угледниот полски театар Виелки.
Во рамките на посетата ќе се направи проценка на добрите односи меѓу двете земји кои датираат од пред 6 века, а исто така ќе се потенцира на значењето и потребата од унапредување и зајакнување на односите.


Тагови:

Слични вести