Кипар главна тема на разговорите во Атина

Премиерот Ахмет Давутоглу со многубројна владина делегација престојува во официјална посета на Грција

138782
Кипар главна тема на разговорите во Атина

Непосредно по пристигнувањето во Атина премиерот Давутоглу беше примен од страна на претседателот Каролос Палуљас. Во разговорот претседателот Папуљас изрази уверување дека посетите на високо ниво меѓу двете земји уште повеќе ќе придонесат во унапредувањето на севкупните односи и дека Грција и Турција секогаш ќе бидат соседни земји.

Премиерот Давутоглу како одговор на тоа рече дека во историјата има мал број на примери две нации да имаат толку заеднички особености.

После приемот кај претседателот Папуљас премиерот Давутоглу се состана со својот домаќин премиерот Андонис Самарас.

Главни теми во разговорот Самарас-Давутоглу беа ситуацијата во Средоземјето, кипарските преговори и состојбата на турското малцинство во Западна Тракија Грција.

Премиерот Давутоглу истакна дека и кај двете страни постои решителност и јака воља за успешно заокружувљње на кипарските преговори.


Тагови:

Слични вести