Пронајдени телата на уште 5 рудари

Спасувачките екипи ги пронајдоа телата на преостанатите 5 рудари во рудникот за јаглен во Ерменек

137107
Пронајдени телата на уште 5 рудари

Спасувачките екипи ги пронајдоа телата на преостанатите 5 рудари кои загинаа во рударската несреќа во рудникот за јаглен во Ерменек кај Караман.

На тој на чин екипите успееја да ги пронајдат телата на сите 18 рудари кои загинаа во несреќата во рудникот што се случи на 28 октомври годинава.

До несреќата дојде поради излевање на вода во јамата.

Екипите за спасување без прекин работеа 38 дена и повремено ги пронаоѓаа телата за несреќните рудари кои после идентификацијата беа закопувани.

Утрово беа пронајдени телата на уште 5 рудари .


Тагови:

Слични вести