Заврши состанокот на Врховниот воен совет (ЈАШ) на Турција

Врховниот воен совет (ЈАШ) на Турција одржа редовен зимски состанок

208356
Заврши состанокот на Врховниот воен совет (ЈАШ) на Турција

Членовите на Врховниот воен совет кои првпат се состанаа под претседателство на премиерот Ахмет Давутоглу, најпрвин го посетија мавзолејот на Ататурк и положија цвеќе.

Во делегацијата предводена од страна на премиерот Ахмет Давутоглу учествуваа началникот на генералштабот, генерал на армија Неџдет Озел, министерот за одбрана Исмет Јилмаз и командантите на воените сили.
По посетата на мавзолејот, премиерот Давутоглу и делегацијата во негова придружба преминаа во Генералштабот.
По свечениот воен дочек на премиерот Давутоглу во генералштабот, започна состанокот.
Одлуките кои беа усвоени на состанокот му беа доставени на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на ратификација.
Во соопштението објавено од страна на Турските вооружени сили во врска со состанокот беше истакнато дека биле разгледани подготовките за евентуална војна.
На состанокот исто така беа разгледани и можностите за поддршка на безбедносните сили во борбата против тероризмот, како и прашањата во врска со персоналот, обуката и логистиката.
Претседателот Ердоган во чест на членовите на Врховниот воен совет синоќа приреди свечена вечера во претседателскиот дворец.


Тагови:

Слични вести