Давутоглу одржа телефонски разговори со Абади и Барзани

На разговорите беа разменети мислења во врска со безбедносната ситуација во Киркук

208023
Давутоглу одржа телефонски разговори со Абади и Барзани

Давутоглу одржа посебни средби со ирачкиот премиер и претседателот на регионалната управа.

Премиерот Ахмет Давутоглу одржа телефонски разговори со ирачкиот премиер Хајдар Ал Абади и лидерот на Ирачката курдска регионална управа Месут Барзани.
На разговорот со Абади беа разменети мислења во врска со безбедносната ситуација во Киркук.
На разговорот меѓудругото беше направена проценка на неодамнешната посета на премиерот Давутоглу на Ирак и одразот на истата како и подготовките за претстојниот состанок на Високиот совет за стратешка соработка.
На разговорот со Барзани беа разменети мислења во врска со последната ситуација во Киркук.
Премиерот Давутоглу ја изрази спремноста на Турција за секаков вид поддршка на Ирак и го покани Барзани да ја посети Турција.


Тагови:

Слични вести