Постигната согласност околу моделот за обучување и опремување

Според извори на МНР, Турција и САД постигнаа согласност околу моделот обучување и опремување

205071
Постигната согласност околу моделот за обучување и опремување

Турција, според постигнатиот договор годишно ќе обучува две илјади припадници на Слободната сириска армија, додека одговорноста за опремување ќе ја презеде САД.

Извори на МНР истакнуваат дека досега биле обучени 230 пешмерги.
Војниците кои ќе се обучуваат ќе бидат предложени од страна на Слободната сириска армија, а конечната одлука ќе ја донесат САД и Турција.
Извори на МНР меѓудругото истакнуваат дека приврзаниците на Слободната сириска армија ќе се обучуваат во Киршехир, додека во врска со употребата на базата Инџирлик истакнаа дека и натаму продолжуваат преговорите. Ако се постигне согласност околу целите и стратегиите, тогаш планерите ќе работат на тоа.


Тагови:

Слични вести