Претседателот Ердоган на турнеја по Африка
Прва станица на претседателот Реџеп Тајип Ердоган беше Алжир
Официјалната посета на претседателот Ердоган на Алжир започна со полагање венец на гробиштата Макам-и Шехит на паднатите борци кои загинаа во борбата за независност на земјата.
Во борбата за независност на Алжир која се водеше против Французите животот го положија над 1 милион 500 000 алжирски војници.
Претседателот Ердоган го придружуваат вицепремиерот Нуман Куртулмуш, министерот за надворешни работи Муљут Чавушоглу, министерот за економија Нихат Зејбекчи, министерот за енергија и природни ресурси Танер Јилдиз, министерот за храна, земјоделие и сточарство Мехди Екер и министерот за национална одбрана Исмет Јилмаз.
Претседателот Ердоган во вечерните часови се состана со премиерот на Алжир Абдулмелик Салел.
После посетата на Алжир претседателот Ердоган ќе отпатува за Екваторијална Гвинеа каде ќе учествува на состанокот на турско-африканскиот партнерски совет.
Според програмата претседателот Ердоган во Екваторијална Гвинеа ќе има средби со претседателот на оваа земја како и со претседателите на земјите кои што ќе учествуваат на седницата на партнерскиот совет Турција-Африка.
Слични вести

Турција плаче и тагува за хероите кои загинаа во хеликоптерската несреќа
Претседателот оствари телефонски разговор со семејството на херојот генерал-потполковник Осман Ербаш