Оружјето на САД му падна во рацете на ДЕАШ (ИДИЛ)

ПЈД исто така е терористичка организација и не треба да и се пружи поддршка во оружје

177068
Оружјето на САД му падна во рацете на ДЕАШ (ИДИЛ)

Претседателот Ердоган рече дека оружјето кое САД му го даде на ирачката армија целосно падна во рацете на ДЕАШ (ИДИЛ).

Ердоган рече дека со истото оружје, 40 отсто од ирачките територии денес се окупирани.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган одржа говор на Францускиот институт за меѓународни односи.
Ердоган во говорот рече дека светот за жал беше индиферентен наспроти масакрите на Асад на сто илјадници припадници на својот народ и додаде дека сојузништвото на светот околу Кобани кој е испразнет, навистина претставува неконзистентност.
Ердоган додаде дека бројот на сириските бегалци кои ги прифати Турција се зголеми на 1 милион 600 илјади и подвлече дека ОН и ЕУ не презедоа доволно иницијатива на тоа поле.
Теориристичката организација ДЕАШ претставува резултат на долгогодишното искуство во Сирија и Ирак, рече Ердоган и уште еднаш подвлече дека ПЈД исто така е терористичка организација и дека не треба да и се пружи поддршка во оружје на оваа организација.
Претседателот Ердоган меѓудругото рече дека за решавање на проблемите на границата на Турција, што поскоро треба да се прогласи забранета зона за летови и да се формираат безбедносни зони. Во случај да се остварат овие барања, Турција ќе направи се што е во нејзина можност исто како и сојузничките сили.
Двојниот стандард на Запад на Блискиот Исток ќе остави неизбришливи траги и последици рече претседателот Ердоган и додаде дека во случај да не заврши двојниот стандард на Запад, тогаш и Батум ќе потпадне под негативното влијание на последиците на двојниот стандард.
По Првата светска војна, границите кои беа нацртани на Блискиот Исток, сценаријата, прераснаа во глобални прашања и проблеми, подвлече претседателот Ердоган.


Тагови:

Слични вести