Вчера во резиденцијата Чанкаја се одржа состанок на СНБ

Со состанокот првпат претседаваше претседателот Ердоган и тоа беше најдолг состанок досега

175558
Вчера во резиденцијата Чанкаја се одржа состанок на СНБ

Редовниот месечен состанок на Советот за национална безбедност (СНБ) се одржа вчера во резиденцијата Чанкаја.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган првпат претседаваше со состанокот на Советот и тоа беше најдолг состанок на СНБ досега.
Премиерот Ахмет Давутоглу, потпретседателите на владата Нуман Куртулмуш и Јалчин Акдоган, министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу и командантот на жандармеријата генерал на армија Абдулах Атај првпат учествуваа на состанокот со новите функции.
Во писменото соопштение што беше објавено по состанокот беше истакнато дека главна тема на состанокот беше решителноста во борбата против заканите за националната безбедност, легалните активности за формирање паралелна држава и илегални формации.
На состанокот беше потврдена решителноста во борбата против тероризмот и окончувањето.
Судирите во Сирија кои влегоа во четврта година и одразот врз безбедноста и стабилноста на регионот и Турција, беше една друга значајна тема која беше разгледана на состанокот.
Борбата против ИДИЛ и другите терористички организации исто така беше значајна тема на состанокот.
Во тие рамки беше разгледана позицијата на Турција во коалицијата.
Случувањата во Егејот и источниот Медитеран како и Израелско-палестинскиот конфликт, потоа политичките случувања и состојбата во Авганистан, Либија, Јемен, Украина и Тунис исто така беа една од значајните теми кои беа разгледани на состанокот на СНБ.


Тагови:

Слични вести