Продолжуваат активностите за спасување во рудникот во Ерменек

Вчера претседателот Реџеп Тајип Ердоган на лице место го посети рудникот

174861
Продолжуваат активностите за спасување во рудникот во Ерменек


Вчера претседателот Реџеп Тајип Ердоган на лице место го посети рудникот каде што се случи несреќата и се стекна со потребните информации.
Нешто потоа претседателот Ердоган го посети Мобилниот центар за координација на управата за елементарни непогоди и итни состојби при Владата (АФАД).
По информациите со кои се стекна од надлежните, претседателот Ердоган направи увид на ситуацијата во рудникот.
Претседателот Ердоган одржа средба со семејствата на рударите коишто се заробени во рудникот.
По посетата и увидот на местото на несреќата, претседателот Ердоган одржа прес конференција.
Ердоган најпрвин потсети на законските регулативи и измени и подвлече дека некои работодавци не можат да ја поднесат новата состојба.
Во изјавата за печатот претседателот Ердоган потсети на последните законски измени за подобрување на условите за работа на рударите во рудниците како и потребата за усогласување на секторот се условите за работа со новите законски измени, за да може да се спречат несаканите несреќи и последици.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган меѓудругото подвлече дека започна истрага во врска со рударската несреќа.


Тагови:

Слични вести