Воен маневар над турбето Сулејман Шах во Сирија

Турски воен авион изврши воен маневар над турбето Сулејман Шах единствена турска територија во Сирија

173074
Воен маневар над турбето Сулејман Шах во Сирија

Турски воен авион со кој ракуваше пилотот генерал на армија Акин Озтурк командант на турските воздушни сили изврши воен маневар над турбето Сулејман Шах инаку единствен турска територија во Сирија.

Акин Озтурк во моментот кога полета над Сулејман Шах преку од авионот го поздрави персоналот на турбето и им порача дека во случај на потреба турската авијација за миг ќе биде покрај нив.

Авионот на Озтурк дента на 21 октомври изврши неколку лета дење и ноќе и зеде учество во заедничката акција на граничните единици на турската армија на границата со Сирија и Ирак.

После овие активности кои траеја скоро 2 часа авионот на Озтурк слета во Дијарбакир.

Озтурк со авионот надлета околу 800 километри копнен простор во текот на двата часа колку што траеше неговиот маневар.


Тагови:

Слични вести