Премиерот Ахмет Давутоглу даде интервју за ББС на тема Кобани

Турција апсолутно нема да прифати било каква стратегија за Кобани само заради задоволување на светското јавно мислење

173055
Премиерот Ахмет Давутоглу даде интервју за ББС на тема Кобани

Давутоглу категорично изјави дека Турција апсолутно нема да прифати било каква стратегија за Кобани само заради задоволување на светското јавно мислење. Давутоглу додаде дека Турција се залага за комплетна стратегија за Сирија. Турција во Сирија има приоритети и ризици рече Давутоглу и додаде дека таа не сака на нејзината граница да види ниту сириски власти, ниту ИДИЛ ниту ОКК. Кобани секако дека има важна позиција но не треба да се заборави на фактот дека кризата во Кобани е резултат на кризата во Сирија.

Последните 2 месеци светската јавност е сконцентрирана кон слоганот „Да се спаси Кобани“, рече Давутоглу но мислам дека треба јасно да се прецизира што се поразбира под тоа. Ако се мисли на спасување на цивилите во Кобани тогаш треба да се истакне фактот дека Турција досега прифати 200 000 бегалци од Кобани а тие што останаа таму и така се безбедни. Ослободувањето на Кобани од ИДИЛ е можно само со воена акција, истакна премиерот Давутоглу. Она што е важно е да се утврди кој ќе ја изведе оваа акција. Ако тоа го направи Турција тогаш таа ќе биде цел на критики на меѓународната заедница.

Што се однесува до ставот на Анкара за Кобани Давутоглу рече дека првин треба да се поддржат и да им се помогне на умерените сили на опозицијата во Сирија, како на база на воена обука така и на база на воена опрема. Второ да се воспостават безбедносни коридори за цивилите во регионите кои се под опасност и закана како од силите на Асад така и од ИДИЛ.

На прашањето за отворањето на базите на турската територија премиерот Давутоглу одговори : Турција изразува спремност да пружи поддршка на сите сили, коалиции и на отворање на базите доколку се постигне заеднички став околу прашањата како што се воспоставување на нова, плуралистичка и демократска Сирија, како и во борбата против ИДИЛ и другите кои што вршат злосторства против човештвото.

Давутоглу подвлече дека како што беше досега така и во иднина вратите на Турција ќе бидат отворени за сите бегалци и имигранти.


Тагови:

Слични вести