Не толерираме насилство
Владата нема да толерира било какви испади или насилнички однесувања кои ќе наштетат на животот и имотот на граѓаните
Потпретседателот на владата Булент Аринч на конференцијата за печатот што ја приреди после седницата на владата во врска со демонстрациите во кои загинаа неколку граѓани рече дека владата нема да толерира било какви испади или насилнички однесувања кои ќе наштетат на животот и имотот на граѓаните и на државата.
Аринч додаде : не мораме да го реализираме процесот на помирувањето, очигледно дека цела Турција трпи штети од насилството на демонстрантите. Процесот на помирувањето се води со разум, логика и во согласност со правните норми и доколку дојде до неговиот прекин владата нема да биде страната која ќе биде одговорна за тоа. Освен тоа доколку просецот не успее последиците ќе ги трпат сите средини, подвлече Аринч.
Потпретседателот Аринч додаде дека, мирот и спокојството се основните цели на владата, така нема да се толерира било какво насилничко однесување и безредија кои ќе го нарушат општествениот мир.
Осврнувајќи се на прашањето на премин на Пешмергите низ турска територија потпретседателот на владата
Булент Аринч рече дека Турција секако дека ќе реагира на случувањата во Кобани. Турција досега прифати над 200 000 бегалци од Кобани. Сепак треба да се истакне дека Турција не бара авантури , таа одржува добри односи со администрацијата во Северен Ирак со која соработува во борбата против тероризмот.