Турција не е против народот на Египет

Секташките и расни судири на Блискиот Исток предизвикаа поделба меѓу племињата, народите и расите

168052
Турција не е против народот на Египет

Емитуван вториот дел на интервјуто на премиерот Ахмет Давутоглу за ТВ канал Ал Џезира.

Премиерот Давутоглу во интервјуто направи проценка на процесот за изнаоѓање решение во борбата против тероризмот и рече дека во случај соговорниците на процесот ги остварат своите задачи, во претстојните месеци може да се постигне напредок.

Во освртот на односите меѓу Турција и Египет премиерот Давутоглу рече дека принципиелниот став на Турција не е против народот на Египет, туку против учесниците во воениот удар.
Во врска со случувањата на Блискиот Исток, премиерот Давутоглу рече дека ширењето на воените управи на Блискиот Исток негативно влијае врз стабилноста, благосостојбата и безбедноста на регионот.
Секташките и расни судири на Блискиот Исток предизвикаа поделба меѓу племињата, народите и расите кои со векови живееја во мир и спокојство. Нашиот идеал се базира на повторно формирање мултикултурен Блискиоисточен регион и заштита на истиот рече Давуитоглу.
На прашањето на водителот на емисијата: „Дали сириските беглаци претставуваат товар за Турција?“ премиерот Давутоглу рече:Секако дека доаѓањето на сириските бегалци предизвика низа економски и социјални проблеми, но ние никогаш на сириските браќа не сметаме како на товар.
Турција на Сиријците им пружа најдобри можности за учење, особено на младите кои што сакаат да студираат. Младите Сиријци можат да влезат на факултет без приемен испит и бесплатно да студираат на нашите универзитети, рече Давутоглу и додаде дека на Сиријците ќе им се даде и привремена работна дозвола.
Премиерот Давутоглу се осврна и на случувањата во Сирија и рече дека Турција не сака да дојде до поделба на Ирак и Сирија.


Тагови:

Слични вести