Посета на кампот за бегалци Низип кај Газиантеп

Емине Ердоган во придружба на мајката на емирот на Катар, Шејха Моза ги посети бегалците од Сирија

167080
Посета на кампот за бегалци Низип кај Газиантеп

Сопругата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган Емине Ердоган во придружба на мајката на емирот на Катар, Шејха Моза ги посети бегалците од Сирија.

Ердоган и Моза го посетија кампот за бегалци во Низип кај Газиантеп и се интересираа за нивната состојба.

Ердоган и Моза ги посетија курсевите организирани за бегалците и ја посетија изложбата на слики кои ги насликаа бегалците од Сирија.

Емине Ердоган како поклон доби слики со портрети на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Госпоѓа Ердоган и Шејха Моза го посетија единственото училиште во кампот Низип.


Тагови:

Слични вести