Турција ќе продолжи со силната поддршка на Авганистан

Претседателот Ердоган престојуваше во еднодневна посета на Авганистан

162384
Турција ќе продолжи со силната поддршка на Авганистан

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека ќе продолжи турската поддршка на Авганистан.

Претседателот Ердоган престојуваше во еднодневна посета на Авганистан.
На средбата на претседателот Ердоган со авганистанскиот колега Ешреф Гани Ахмедзаи беа разменети мислења во врска со последната состојба во регионот како и тројниот механизам меѓу Турција, Авганистан и Пакистан.
Ердоган на средбата подвлече на значењето на меѓусебната солидарност во борбата против тероризмот и изрази задоволство од санкциите што ги презеде Пакистан на граничните премини против терористите. Преземените мерки во суштина придонесоа кон одржување мирни избори.
Придаваме големо значење на меѓусебната солидарност меѓу Турција, Пакистан и Авганистан рече претседателот Ердоган и посочи на значењето на чекорите што треба да се преземат и резултатите. Турција, претстојниот состанок на тројниот механизам бара да се одржи на почетокот на 2015 во Истанбул и продолжува со силната поддршка на Авганистан.


Тагови:

Слични вести