ПЈД е терористичка организација

Англија се интересира само со случувањата во Ирак, а не се интересира за Сирија

162743
ПЈД е терористичка организација

Претседателот Ердоган рече дека ПЈД е терористичка организација.


Во врска со предлогот на САД за испорака оружје на ПЈД, претседателот Ердоган рече дека ПЈД е терористичка организација исто како и ПКК. Турција не може да го прифати овој предлог, рече Ердоган.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган, по еднодневната посета на Авганистан, на враќање во авионот за Истанбул одговараше на прашањата на новинарите.
Ердоган го критикуваше податокот дека приоритет на дневниот ред на некои земји е Кобани.
Претседателот Ердоган упати критики на сметка на преземањето на контролата со една третина на Ирак од страна на терористичката организација ИДИЛ и рече дека некои земји за жал воопшто не чувствуваат загриженост поради тоа и се интересираат единствено со случувањата во сириското гратче Кобани. Ова однесување има посебно значење. Само за пример да посочам зошто Англија се интересира само со случувањата во Ирак, а не се интересира за Сирија.
За спречување на случувањата во Ирак и Сирија, предложивме во процесот дека треба да се вклучи и Иран и треба да презеде поактивна улога рече претседателот Ердоган. Но за жал не беше постигната согласност со Иран во однос на прашањето рече Ердоган и додаде: Доколку постигнавме согласност, можеби немаше да се пролее толку крв и немаше да ззгинат толку луѓе.


Тагови:

Слични вести