Секој е свесен за улогата на Турција

Турција е земја која може да даде голем придонес во воспоставувањето мостови на културата и меѓу цивилизациите

159736
Секој е свесен за улогата на Турција


Во рамките на активностите за привремено членство на Турција во СБ на ОН за периодот 2015-2016 година, од страна на постојаното претставништво на Турција во Њујорк беше одржан свечен прием.

На свечениот прием учествуваа претставниците на конкурентските земји, министрите за надворешни работи на Шпанија и Нов Зеланд, како и голем број дипломати, новинари и гости.
Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во говорот што го одржа на приемот, најпрвин им се заблагодари на сите гости и поддршката на Турција за нејзиното привремено членство во СБ на ОН и додаде дека Турција е земја која може да даде голем придонес во воспоставувањето мостови на културата и меѓу цивилизациите, зајакнувањето на одржливиот развој, поддршка на борбата против тероризмот и климатските промени, рамноправноста и правдата.
Чавушоглу во говорот се осврна на успешните активности на Турција во периодот 2009-2010 и рече дека во случај повторно да бидеме избрани, во новиот период ќе се ангажираме за зголемување на дијалогот, транспарентноста, ефикасноста, одговорноста и продуктивноста. На прес конференцијата за турските новинари, министерот Чавушоглу рече дека секој е свесен за улогата што ја има Турција во рамките на меѓународните организации и ОН.


Тагови:

Слични вести