Процесот за решавање на тероризмот е лек кој доаѓа од историјата
Ако некој сака да му понуди отров на нашиот народ, тогаш ќе го исчистиме отровот и ќе продолжиме да пиеме лек
Премиерот Ахмет Давутоглу рече дека процесот за решавање на тероризмот е лек кој доаѓа од историјата, не е одлука усвоена врз конјуктурна база.
Ако некој сака да му понуди отров на нашиот народ, тогаш ќе го исчистиме отровот и ќе продолжиме да пиеме лек.
Премиерот Давутоглу синоќа беше гостин на новинарите од источниот и југоисточниот дел на земјава на еден приватен ТВ канал и одговараше на нивните прашања.
Давутоглу во емисијата учествуваше веднаш по Владиниот состанок посветен на решавањето на тероризмот и упати значајни пораки во врска со процесот.
Премиерот Давутоглу подвлече на значењето на термините „историско пријателство“ и „сонародништво“ и рече дека процесот за решавање на тероризмот е лек кој датира од историјата.
Постојат одредени средини кои за жал не сакаат процесот да заврши успешно рече премиерот Давутоглу и изрази надеж дека сите заедно ќе ја расипеме оваа стапица.
На премиерот Давутоглу му беше поставено прашањето во врска со правото на одржување демонстрации.
На тоа премиерот Давутоглу одговори: Кои се правилата во Европа и светот, Турција ќе ги спроведе истите. Никој нема право да го прегазува правото.
Слични вести
