Давутоглу даде интервју за катарскиот ТВ канал Ал Џезира

Безбедносните зони треба да се формираат во Алепо, Идлиб, Ајн ак-Араб или Кобани

159659
Давутоглу даде интервју за катарскиот ТВ канал Ал Џезира

Премиерот Ахмет Давутоглу даде интервју за катарскиот ТВ канал Ал Џезира


Давутоглу во интервјуто се осврна на интервенцијата врз ИДИЛ во Кобани кое е познато и како Ајн ал-Араб како и деталите за барањата на Турција во врска со интервенцијата.
Насилствата во Сирија не се нови. Истите траат скоро 3.5 години, рече Давутоглу и додаде дека меѓународната заедница треба да развие стратегија која ќе го заштити целиот сириски народ, а не само граѓаните на Ајн Ал Араб.
За само една недела прифативме 200 илјади курдски браќа од Ајн ал-Араб, рече премиерот Давутоглу и додаде дека бројот на бегалците што ги прифати Европа во 3.5 години е помал од оној што го прифативме за само три дена.
Се додека не заврши бомбардирањето на Асад, Турција ќе продолжи со прифаќањето на бегалците од оваа земја рече Давутоглу и подвлече дека формирањето безбедносни зони е еден од основните предуслови за окончувањето на насилствата во Сирија.
Премиерот Давутоглу рече дека под гаранција на ОН или меѓународната коалиција, треба да се формира безбедносна зона во која бегалците ќе можат да се засолнат од воздушните или копнени бомбардирања.
Давутоглу првпат ги објави места каде што Турција бара да се формираат безбедносни зони.
Безбедносните зони треба да се формираат во Алепо, Идлиб, Ајн ак-Араб или Кобани и по должината и длабочината на границата на Турција со Сирија. Конечната одлука за тоа треба да ја донесат ОН.


Тагови:

Слични вести