Соопштение од МНР во врска со Кипар

ЕУ, Кипарско грчката страна треба да ја насочи да заземе пореален став

158441
Соопштение од МНР во врска со Кипар


Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека Европската унија, Кипарско грчката страна треба да ја насочи да заземе пореален став.


Претседателот на Европскиот совет Ван Ромпуј во изјавата за печатот во врска со активностите за пребарување нафта во Источниот Медитеран рече дека Турција треба да биде поумерена и да се раководи согласно меѓународното право.
Портпаролот на МНР Танжу Билгич, рече дека ЕУ за жал и понатаму продолжува да не ги разбира спорот и причините околу Кипарското прашање и едностраната иницијатива на Кипарско грчката управа за истражување на изворите на јаглеводород во Источниот Медитеран.
Билгич подвлече дека ќе биде тешко изнаоѓање сеопфатно решение од страна на ЕУ која без да се реши Кипарското прашање го прими Кипарско јужниот дел.
ЕУ треба што поскоро да се спаси од ќор-сокакот во кој влезе и да ја насочи Кипарско грчката страна да заземе поурамнотежен и реален став за изнаоѓање решение на прашањето, рече Билгич.
ЕУ единствено на тој начин ќе може да допринесе кон воспоставувањето траен мир и поволна атмосфера за соработка во Источниот Медитеран, констатираше портпаролот Танжу Билгич.


Тагови:

Слични вести