Денови на индустриска соработка

Првиот договор на манифестацијата беше постигнат меѓу турската компанија ФИГЕС и Корејската КАИ

158512
Денови на индустриска соработка


Вчера во Анкара започна манифестацијата „Денови на одбранбена и воздушно индустриска соработка“.

Малите и средни претпријатија (МСП) јавно се изнесоа дека и тие сакаат да учествуваат во одбранбената индустрија. Во тие рамки, под покровителство на Потсекретаријатот за одбранбена индустрија годинава се одржува Втората манифестација на која учествуваат претставници на 250, од кои 130 од 34 земји.
Првиот договор на манифестацијата беше постигнат меѓу турската компанија ФИГЕС и Корејската компанија за воздухопловство и вселенски истражувања КАИ.
Договорот содржи активности за дизајнот на делот на еден комерцијален хеликоптер во кој ќе се смести моторот на хеликоптерот како и инженерските анализи и пресметки во врска со тоа. Манифестацијата ќе заврши утре.

 


Тагови:

Слични вести