Нема промени во состојбата на Инџирлик

Провокативните случувања во Кобани се терористичка акции

156038
Нема промени во состојбата на Инџирлик


Вчера Владата одржа состанок под претседателство на премиерот Ахмет Давутоглу.


Потпретседателот на Владата Булент Аринч на прес конференцијата по состанокот се осврна на провокативните случувања во Кобани и истите ги оцени за терористичка акција.
Како последица на последните случувања, земајќи ги за пример и земјите членки на ЕУ, ќе се фрлат темелите на нови реформи во безбедносниот систем.
Државата ќе ги намири загубите на еснафот кој претрпе штета во провокативните случувања во Кобани, рече Аринч.
Во врска со заедничките чекори на коалиционите сили што ќе ги преземат во борбата против ИДИЛ, освен соработката во борбата против тероризмот, нема промени од аспект на користењето на воено-воздушната база Инџирлик, додаде Аринч.
Во рамките на програмата обука и опремување, моментално се разменуваат мислења во врска со објектите кои беа предложени од страна на Турција, но сеуште не е усвоена конкретна одлука на тоа поле. Турција единствено може да учествува само во делот за обучување, а нема да учествува во наоружувањето и опремувањето, рече Аринч.
Во врска со обучувањето на силите на умерената опозиција во Сирија, Аринч рече дека постигнатиот компромис на тоа поле го оправдува настојчивото барање на Турција.
Потпретседателот и портпарол на Владата Булент Аринч се осврна и на изјавата на Месут Барзани за печатот кој рече дека Турција пружи помош и поддршка против нападите на ИДИЛ, но поради неповолната конјуктура, не можеа да ја објават оваа информација.
На тоа Аринч рече дека изјавата на Барзани претставува поволна изјава и подвлече дека Турција, националните интереси треба да ги чува на преден план.


Тагови:

Слични вести