Вандализмот не е начин на решавање на проблемите

Никој нема право случувањата во Сирија и Ирак да ги покаже како божем тие да се случуваат во Турција и да се однесува на вандалски начин

151720
Вандализмот не е начин на решавање на проблемите

Во моментите кога напнатоста на турско-сириската граница ескалираше, вниманието на јавноста беше свртено кон Анкара каде се одржуваше безбедносна седница. Со седницата претседаваше премиерот Ахмет Давутоглу.

После седницата што се одржа во владината зграда пред камерите се појави премиерот Давутоглу и ја информира јавноста за седницата. Давутоглу рече дека Турција се покажа како најхумана земја во однос на случувањата во соседните земји Сирија и Ирак. Никој нема право случувањата во Сирија и Ирак да ги покаже како божем тие да се случуваат во Турција и да се однесува на вандалски начин предизвикувајќи штета на јавниот имот и на имотот на граѓаните.

Давутоглу жестоко ги критикува средините кои инцидентите се обида да ги прикажат како дел од процесот на помирување и рече дека процесот за помирување што се води заради престанување на терористичките активности и јавниот поредок не се алтернативи еден за друг.

Нема апсолутно да се дозволи настаните во другите земји да се претворат во материјал за внатрешна политика додаде премиерот. Давутоглу рече дека сметката за она што се случува во Кобани ќе ја платат 5’те постојани членки на советот за Безбедност на ОН заедно со целиот Совет.



Тагови:

Слични вести