Смената на власта во Сирија е услов

Јан Столтенберг првата официјална средба во Анкара ја оствари со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

152366
Смената на власта во Сирија е услов

Генералниот секретар на НАТО Јан Столтенберг првата официјална средба во Анкара ја оствари со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Главна точка на дневниот ред на средбата беше ИДИЛ, ситуацијата во Сирија и во Ирак. Министерот Чавушоглу го информира генералниот секретар за турската стратегија во борбата против ИДИЛ и додаде дека треба да се разгледаат сите опции вклучително и копнената операција. Чавушоглу рече дека смената на власта во Сирија е услов и дека се додека Асад е на власт ситуацијата ќе продолжи.

Генералниот секретар Столтенберг ја повтори поддршката на алијансата на Турција. Столтенберг рече дека Турција е силен партнер така што поддршката на Турција е дел од заедничката безбедност.

Нешто потоа генералниот секретар на НАТО Столтенберг го посети началникот на генералштабот на турските вооружени сили генерал на армија Неџдет Озел.


Тагови:

Слични вести