Не станува збор Турција да го сврти грбот на Курдите

Турција е спремна да преземе се што е можно што се однесува на делот на хуманитарната помош за жителите на Кобани

150792
Не станува збор Турција да го сврти грбот на Курдите

Вице премиерот Јалчин Акдоган во врска со случувањата на границата со Сирија рече дека Турција е спремна да преземе се што е можно што се однесува на делот на хуманитарната помош за жителите на Кобани.

Турција секако дека нема да биде задоволна доколку падне Кобани и доколку на самата нејзина граница се засили терористичката организација ИДИЛ. Акгодан додаде дека сосема е погрешно Кобани да се гледа низ призмата на пазарење контра Асад.

Не станува збор Турција да го сврти грбот на Курдите.

Акдоган додаде дека денеска во Анкара е закажан безбедносен состанок со кој ќе претседава премиерот Ахмет Давутоглу . На состанокот ќе бидат разгледани актуелните случувања на турско- сириската граница со посебен акцент на ситуацијата во Кобани.

 


Тагови:

Слични вести