Денес е Курбан Бајрам

Муслиманите ширум светот денес го слават првиот ден од празникот Курбан Бајрам

149108
Денес е Курбан Бајрам

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган по повод Курбан Бајрам објави свечена порака во која меѓу другото се истакнува следното:

Во услови кога во нашата близина има крвопролевање, кога се вршат зулуми над нашите браќа, каде има голема сиромаштија ,маки и страдања на невиното муслиманско население посакуваме овој Курбан Бајрам да ги омекне срцата, да провладеат чувствата на милосрдие и разбирање. Курбанот значи великодушност, милосрдие, солидарност со сиромашниот, и радост за сирачињата.

Им го честитам Курбан Бајрам на сите граѓани на Турција и на сиот муслимански свет со желба бајрамот да донесе радост, среќа и слога.

По повод Курбан Бајрам честитки до граѓаните на Турција и на целиот исламски свет испратија претседателот на собранието Џемил Чичек, премиерот Ахмет Давутоглу како и претседателите на политичките партии и истакнати личности од политичкиот, економскиот, верскиот и културниот свет.



Тагови:

Слични вести