Турција е спремна за секакво сценарио

Целта на усвојувањето на одлуката за испраќање на турски војници во Ирак и Сирија беше да се делува поефикасно

148339
Турција е спремна за секакво сценарио

Премиерот Ахмет Давутоглу се осврна на состанокот на врвот што се одржа под претседателство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во претседателскиот кабинет .

Давутоглу рече дека целта на усвојувањето на одлуката за испраќање на турски војници во Ирак и Сирија беше да се делува поефикасно. Давутоглу додаде дека не станува збор за сосема нова конјуктура туку дека веќе постоечките одобренија се прилагодена на денешните услови. Премиерот Давутоглу додаде дека случувањата во регионот нема негативно да се одразат на процесот на помирување.

Турција секако дека не очекува Кобани да падне во рацете на ИДИЛ истовремено изразува спремност за прифаќање и сместување на беглаците браќата Курди од овој град. Но сметам дека се погрешни мислењата дека тоа негативно ќе се одрази на процесот на помирување што е во тек во земјава. Доколку не постоеше атмосферата на помирувањето дали ќе беше можно Курдите од Кобани сосема слободно да дојдат во Турција, се запраша премиерот Давутоглу.

Премиерот Давутоглу додаде дека се преземаат сите безбедносни мерки кај турбето на Сулејман Шах инаку турска територија во Сирија и дека Турција е спремна за сите сценарија во регионот.

Давутоглу во продолжение додаде дека постои потреба од воспоставување на зони забранети за летови во спротивно после воената интервенција против ИДИЛ сириските власти ќе ги бомбардираат низата градови во овој дел на земјата на чело со Халепо и другите.



Тагови:

Слични вести