Режимот во Сирија не е помалку опасен од ИДИЛ

Се додека во Сирија на власт остане режимот на Асад, ќе продолжат хаосот и зулумите во оваа земја

147704
Режимот во Сирија не е помалку опасен од ИДИЛ

Министерот Чавушоглу рече: „Зарем режимот во Сирија кој досега уби над 200 илјади лица, е помалку опасен од ИДИЛ?“


Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече: Се додека во Сирија на власт остане режимот на Асад, ќе продолжат хаосот и зулумите во оваа земја.
За жал САД и другите западни земји, наместо да ги послушаа препораките и советите на Турција во минатото, денес дојдоа на степен да изразат жалење поради тоа што на време не ги послушаа нашите совети, рече Чавушоглу.
Нема никакви промени во нашата надворешна политика кон регионот рече министерот Чавушоглу и додаде дека 4 години, САД и светот ги предупредувавме за тоа што се треба да се направи во борбата против тероризмот, но некои земји сеуште не го разбраа тоа.
Чавушоглу рече дека Турција како земја која активно ги следи случувањата во Сирија и Ирак и најдобро го познава теренот, постојано ги споделува информациите на тоа поле како и грешките кои не треба да се направат за воспоставување безбедност и мир во регионот.
Турција постојано ги изнесуваше фактите дека се додека во Сирија на власт остане режимот на Асад, земјата ќе се дестабилизира, ќе се претвори во мочуриште, ќе се појават нови терористички организации, ваквата атмосфера ќе биде во прилог на зајакнувањето на терористичките организации, поради што поскоро треба да се обезбеди трансформација во земјата за постигнување мир и стабилност. Но за жал, сите оние кои што во минатото не ги сфатија нашите препораки и совет, а денес изразуваат жалење поради тоа што не не послушаа.


Тагови:

Слични вести