Ердоган продолжува со критиките на адреса на ОН

Ердоган го постави прашањето зошто светот не реагира на тероризмот на ПКК, а веднаш реагира на тероризмот на ИДИЛ?

143219
Ердоган продолжува со критиките на адреса на ОН

Во говорот пред учесниците на специјалниот состанок на Светскиот економски форум во Истанбул претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја критикува меѓународната заедница велејќи дека со години наназад Турција беше оставена сама во борбата против тероризмот.

Ердоган го постави прашањето зошто светот не реагира на тероризмот на ПКК, а веднаш реагира на тероризмот на ИДИЛ? Претседателот Ердоган исто така жестоко реагираше на тоа што му беше дозволено на египетскиот претседател Ел Сиси да се обрати од говорницата на Генералното заседание на ОН во Њујорк.
Инаку на светскиот економски форум во Истанбул учествуваа претседатели на држави или на влади на 70 земји .
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган ги поздрави учесниците и им пожела плодна и успешна работа. Во продолжение од говорот претседателот Ердоган рече дека меѓународните организации за жал наместо од хумани причини се однесуваат поаѓајќи од своите интереси. Не треба да се дозволи судбината на светот да биде во рацете на 5 најголеми светски сили.

Ердоган подвлече дека воздушните напади без копнена поддршка нема да бидат ефикасни во борбата против ИД во Сирија. Како прво, додаде претседателот Ердоган треба да се воспостави безбедна зона, безбедна зона за летови и да се воведе обуика и снабдување.


Тагови:

Слични вести