Ќе се преземат сите санкции за зачувување на националната безбед

Вчера премиерот Амхет Давутоглу учествуваше на состанокот на претседателите на градските ограноци на АК партијата

141502
Ќе се преземат сите санкции за зачувување на националната безбед


Во говорот што го одржа во ова прилика премиерот Давутоглу акцентираше на случувањата во регионот.


Давутоглу рече дека бројот на сириските бегалци во последно време во Турција се зголеми на 160 илјади и подвлече дека Турција ќе продолжи да води политика на отворена граница за сите бегалци без оглед на нивното етничко и верско потекло.
Во врска со процесот за изнаоѓање решение во борбата против тероризмот Давутоглу рече дека истиот ќе биде единствена успешна сторија на Блискиот исток каде што се доживуваат етнички и секташки судири.
Во освртот на борбата против терористичката организација ИДИЛ премиерот Давутоглу рече дека ќе се преземат сите потребни санкции за заштита на националната безбедност.
Условот Турција да остане остров на мирот се заснова на воспоставување на спокојство и стабилност во регионот рече Давутоглу и додаде дека во случај евентуалните воени операции допринесат кон воспоставување спокојство и стабилност во регионот, тогаш Турција ќе ги подржи истите.


Тагови:

Слични вести