Дипломатските активности на министерот Чавушоглу во Њујорк

Состојбата во Сирија уште повеќе се влошува

141613
Дипломатските активности на министерот Чавушоглу во Њујорк

Дипломатските активности на министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во Њујорк

Министерот Чавушоглу заедно со финскиот министер за надворешни работи Ерки Туомиоја копретседаваа со состанокот на пријателската група на ОН.
На состанокот беа разменети мислења во врска со случувањата во Украина и Јужен Судан.
На заедничката прес конференција министерот Чавушоглу рече дека постепено расте мировната иницијатива која од 2010 година започна со Финска со посреднички улоги.
Состојбата во Сирија уште повеќе се влошува рече Чавушоглу и додаде дека режимот беше причина за убиството на над 200 илјади лица а исто така и ИДИЛ одигра неповолна улога во дестабилизацијата на регионот.
Турција, политичката транзиција во Ирак ја прифати со задоволство рече Чавушоглу и изрази поддршка на владата која ќе има сеопфатен приод кон проблемите.
Меѓудругото во врска со тероризмот во регионот се налага потреба од сеопфатна програма, потенцираше Чавушоглу.
Нешто потоа Мевљут Чавушоглу учествуваше на неформалниот состанок на Советот за соработка на туркофонските земји.
Министерот Чавушиглу оствари билатерална средба и со рускиот министер Сергеј Лавров.
Главна тема на разговорот беа определувањето на датумот за одржување на состанокот на Високиот совет за соработка, барањето за поддршка на кандидатурата на Турција за членство во СБ на ОН, украинското прашање и особено состојбата на Кримските татари вп Украина како и забраната за влез на Кримските Татари.


Тагови:

Слични вести