Ердоган последниот ден во Њујорк оствари две значајни средби

Ердоган и Обама постигнаа согласност во претстојниот период да бидат во постојан контакт

140294
Ердоган последниот ден во Њујорк оствари две значајни средби

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган последниот ден на посетата на Њујорк оствари две значајни средби.

Ердоган најпрвин одржа телефонски разговор со американскиот претседател Барак Обама.
Разговорот беше одржан на барање на Обама и беа разменети мислења во врска со организацијата ИДИЛ, случувањата во Сирија и регионалните прашања.
Двајцата лидери подвлекоа дека Турција и САД во рамките на заедничката стратегија ќе продолжат со борбата против ИДИЛ и другите терористички организации во регионот како и сириското прашање.
Ердоган и Обама постигнаа согласност во претстојниот период да бидат во постојан контакт.
Нешто потоа претседателот Ердоган го прими американскиот потпретседател Џо Бајден.
Ердоган и Бајден разменија мислења во врска со последните случувања во Сирија како и регионалните прашања.
На средбата беа разгледани и мерките за воспоставување на стабилноста во Ирак.
На средбата беше подвлечено на значењето и потребата од поддршката и придонесот на Турција и САД во рамките на активностите.
На дневниот ред на средбата се најде и новиот поредок и воспоставувањето на стабилноста и во Сирија.

Во врска со прашањето на средбата беше акцентирано на значењето на заедничките активности за изнаоѓање решение на проблемот со сириските бегалци чиј број постојано расте.
Од друга страна пак претседателот Ердоган учествуваше и на заедничкиот состанок на Американската трговска комора и Унијата на берзите и коморите на Турција (ТОББ) што беше одржан под покровителство на Турската агенција за развој и координација (ТИКА).
На состанокот на кој турските и американските бизнисмени имаа можност да се состанат, беа разгледани можностите за унапредување и натамошен развој на билатералните трговски односи.
Ердоган последниот ден на средбите во Њујорк се состана со претставниците на деловниот свет и граѓанските организации.
На вечерата што се одржа под покровителство на фондацијата „Туркен Фаундејшн“, Ердоган им се обрати на академиците и студентите. Свеченоста беше затворена за печатот.
Група граѓани кои се собраа пред хотелот каде што се одржуваше состанокот, на претседателот Ердоган му ја искажаа својата љубов.
Претседателот Ердоган и членовите на делегацијата во негова придружба нешто потоа со авион се вратија во Турција.


Тагови:

Слични вести