Емине Ердоган на говорницата во ОН

Емине Ердоган им се обрати на учениците на конференцијата на првите дами на лидерите

140775
Емине Ердоган на говорницата во ОН

Сопругата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Емине Ердоган им се обрати на учениците на конференцијата на првите дами на лидерите кои учествуваа на годишното собрание на ОН на тема „ подобрување на економската состојба на жените и девојките“.

Таа во обраќањето рече дека подобрувањето на економската состојба на жените и девојките е едно од најважните прашања и покажа неколку примери на економско поттикнување на жените во Турција било од државни или приватни фондови.

Емине Ердоган додаде дека поради војните во Ирак и во Сирија во Турција секојдневно пристигнуваат се поголем број бегалци, и дека турската држава им го посветува истото внимание како и на турските државјани.

Ердоган на крајот рече дека првиот чекор во добивањето на позитивни резултати на тој план е единството и споделувањето на сопствените искуства со другите.

 


Тагови:

Слични вести