Чавушоглу во Њујорк се состана со грчкиот колега Венизелос

На средбата биле разменети мислења во врска со активностите на Советот за висока стратешка меѓу двете земји

140642
Чавушоглу во Њујорк  се состана со грчкиот колега Венизелос

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу продолжува во билатералните средби во Њујорк.


Во рамките на средбите Чавушоглу се состана со грчкиот потпретседател на владата и министер за надворешни работи Венизелос.
Според дипломатски извори, на средбата биле разменети мислења во врска со активностите на Советот за висока стратешка соработка меѓу двете земји.
Меѓудругото на средбата беше постигната согласност да бидат отворени дипломатските патишта за да не дојде до погрешно разбирање меѓу двете земји.
За изнаоѓање мировно решение на Кипарското прашање двете земји треба да дадат сестран придонес а исто така беше постигнат компромис за продлабочување на соработката за намалување на негативното влијание на безбедносните прашања ви регионот.
Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во рамките на средбите во Њујорк учествуваше на состанокот посветен на Либија што се одржа под претседателство на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.
Либија се соочува со ризик на губење на демократските придобивки со кои се стекна по револуцијата на 17 февруари како резултат на внатрешните превирања и политичката нестабилност рече Чавушоглу и додаде дека Турција продолжува со поддршката на Либија во процесот на политичка транзиција.
Чавушоглу упати повик за започнување сеопфатен политички дијалог кој ќе ги опфати сите средини на општеството и изрази поддршка на напорите на специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Либија Бернардино Леон за посредничката улога.
Министерот за надворешни работи Чавушоглу меѓудругото се состана со министрите за надворешни работи на Виетнам, Узбекистан, Малезија, Папуа Нова Гвинеја и Мијанмар и побара поддршка за кандидатурата на Турција за членство во СБ на ОН.
Мевљут Чавушоглу учествуваше и на мултилатералните преговори на ЕУ.


Тагови:

Слични вести