Брифинг на премиерот Ахмет Давутоглу

Главна тема на разговорите беа безбедноста на границата и состојбата на сириските бегалци кои бегаат од ИДИЛ

140300
Брифинг на премиерот Ахмет Давутоглу


Во рамките на запознавањето со активностите на министерствата, премиерот Ахмет Давутоглу вчера имаше брифинг од претставниците на министерството за финансии.


На брифингот што се одржа во салата за состаноци на министерството за финансии, промовирањето на Среднорочната програма и буџетот за 2015 година, траеше 4 часа.
На состанокот учествуваа министерот за финансии Мехмет Шимшек и потпретседателот на владата Али Бабаџан како и министерот за развој Џевдет Јилмаз.
Веднаш по состанокот премиерот Давутоглу продолжи со редовната програма.
Давутоглу најпрвин го прими потсекретарот на националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан и началникот на генералштабот генерал на армија Неџдет Озел.
Нешто потоа на средбите се приклучи и министерот за внатрешни работи Ефкан Ала.
Главна тема на разговорите беа безбедноста на границата и состојбата на сириските бегалци кои бегаат од ИДИЛ.
Во рамките на денешната програма премиерот Давутоглу се стекна со информации за распределбата на должностите на потпретседателите на владејачката партија за правда и развој АКП.
Давутоглу претседава со состанокот на Централно управниот одбор на Партијата АКП.


Тагови:

Слични вести