Турција ќе пружи секаква воена и политичка поддршка

Турција има позитивен пристап кон воздушната операција на силите на коалицијата против терористичката организација ИДИЛ

136390
Турција ќе пружи секаква воена и политичка поддршка

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган конечно ја информира светската јавност за ставот на Турција во врска со интервенцијата на меѓународната коалиција врз целите на ИДИЛ.

Претседателот Ердоган во изјава за новинарите рече дека Турција има позитивен пристап кон воздушната операција на силите на коалицијата против терористичката организација ИДИЛ. Турција е спремна да преземе било каква акција во меѓународната борба против тероризмот, било на воен или политички план. На прашањето за воспоставување на тампон зона претседателот Ердоган одговори дека секако од големо значење е воспоставување на една безбедноста зона на сириската страна бидејќи скоро 1,5 милини бегалци од Сирија се засолнати во Турција.

Ердоган додаде дека сеуште продолжува бранот на бегалци од Сирија што претставува дополнителни проблеми и трошоци за Турција за што треба сериозно да се размисли.
Претседателот Ердоган ја истакна потребата од продолжување на решителната борба против сепаратистичко терористичките организации во регионот и рече дека Турција е спремна да го направи тоа што и следува.

Инаку во Њујорк на маргините на на 67. заседание на Генералното собрание на ОН се одржа мини глобален форум за борба против тероризмот со кој претседаваа министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу и американскиот државен секретар за надворешни работи Џон Кери.

Кери во излагањето и се заблагодари на Турција за поддршка на меѓународните коалициони сили во борбата против терористичката организација ИДИЛ. Кери додаде дека Турција ќе биде на предните линии на фронтот.

 


Тагови:

Слични вести