Придонесот на Турција во глобалниот мир и понатаму ќе продолжи

Претседателот Ердоган во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ООН Мун

135129
Придонесот на Турција во глобалниот мир и понатаму ќе продолжи

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган престојува во Њујорк по повод 67. заседание на Генералното собрание на ОН.

Вчера претседателот Ердоган одржа говор во Советот за надворешни односи во Њујорк, една од најпрестижните тинк - танк асоцијации во земјата. Ердоган во говорот се задржа на глобални прашања и рече дека Турција со богатото историско искуство ќе продолжи да придонесува во глобалниот и регионалниот мир. Турската надворешна политика, истакна претседателот Ердоган, како што беше до денеска и во иднина ќе напредува на патот на мирот, солидарноста, почитувањето на меѓународното право и правдата. Со демократските искуства кои се во постојан прогрес Турција и понатаму ќе вложува напори да ја подобри својата слика како позитивен пример како во регионот така и во меѓународни рамки, истакна претседателот Ердоган.

После говорот во Советот за надворешни односи претседателот Ердоган се сретна со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.

Во разговорот како што дознаваме станало збор за борбата против тероризмот, положбата на сириските бегалци, зоните за забранети летови, кипарското прашање, ситуацијата во Газа, во Украина, Сомалија, Сојузот на цивилизациите, климатските промени и епидемијата на еболата во Африка.

Генералниот секретар Мун и честитал на Турција за успешното ослободување на персоналот на турскиот генерален конзулат во Мосул кој беше заробен од страна на ИДИЛ.

Претседателот Ердоган ја истакна потребата во борбата против тероризмот Ирак и Сирија да бидат земени во предвид како една целина, воедно и да се преземат мерки и активности за елиминирање на изворите на тероризмот.

Во вечерните часови претседателот Ердоган приреди свечена вечера во Турската Куќа во Њујорк.


Тагови:

Слични вести